Американските сили вчера го завршија повлекувањето од Авганистан. Последниот американски транспортен авион полета синоќа од аеродромот во Кабул.

Талибанците, 17 дена по заземањето на Кабул, исто така влегоа на аеродромот, кој дотогаш беше последното американско упориште и база за очајна евакуација на повеќе од сто илјади Американци, други западњаци и Авганистанци кои работеа со нив во текот на дваесет годишната војна.

Американските сили оставија во земјата огромен воен арсенал, кој беше предаден на авганистанската армија пред да се распадне и капитулира пред насилната инвазија на Талибанците, за само десет дена откако Талибанците го зазедоа првиот главен град на провинција.

Тој арсенал вклучуваше десетици лесни воени авиони и борбени хеликоптери, вклучувајќи го и познатиот Блек Хок, како и стотици оклопни транспортери и илјадници Хамви и други возила, и десетици илјади митралези и пушки, со огромна количина муниција.