Амбасадорката на Република Хрватска во Софија, Јасна Огњановац денеска била повикана на разговор во бугарското МНР по наредба на министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев.
Ова се случува поради изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој јавно се спротивстави на Бугарија за условите што и ги поставува на Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија.
Хрватскиот претседател оцени дека Скопје се наоѓа во невозможна позиција во процесот на евроинтеграциите.