На социјалните мрежи се појави фотографија од школски дневник на кој во посебен параграф е запишано 11ти Октомври – „Ден на независноста на Република Македонија“.

Не се наведени податоци кој наставник ја има направено оваа кардинална грешка која има писмена и цивилизациска трага, ниту кој се потрудил оваа грешка да достигне во јавноста.

Бројни коментари беа дека, наставниците кои се првите актери во воспитно-образовните процеси не смеат да си дозволат ваква грешка и дека грешката е индикатор за состојбата со писмеността во Македонија.

Како вие гледате на оваа случка 11ти Октомври да се запише како „Ден на независноста на Република Македонија“? Дали станува збор за грешка или пак незнаење?