дома информација вест Јавен повик за млади, креативни, храбри и слободни автори

Јавен повик за млади, креативни, храбри и слободни автори

301
0

Порталот „Мој збор“ упатува јавен повик за есеи на тема „Пандемијата и промени во перцепциите кон животот“.

Чекор 1

Право на учество

-Авторите да немаат навршено повеќе од 30 години;

-Да немаат издадено своја авторска книга;

– Да конкурираат со авторски есеј не подлг од 1000 збора;

– Есејот да биде напишан во word документ – Фонт: Georgia, Големина на букви: 12, Проред: 1,5;

Чекор 2

Конкурирање:

-Документот треба да биде испратен по е-маил на

redakcija.mojzbor@gmail.com во CC contact@mojzbor.com до 31.10.2020 година најдоцна до 12.00 часот;

-Е-маилот треба да содржи податоци за авторот:

Име и презиме, година на раѓање, образование, професија и контакт телефон.

Чекор 3

Избор на најдобрите есеи

Комисијата ќе направи избор на 3 најдобри есеи кои ќе се објават во посебна рубрика „Најдобри есеи“ на порталот Мој збор.

Есеите ќе имаат и своја аудио-визуелна публикација а некој од личностите од нашата јавна сцена ќе ги прочита најдобрите есеи пред нашите камери.

Авторот на есејот кој ќе биде прворангиран ќе добие пакет производи од нашите спонзори.

Аспекти кои може да бидат опфатени:

  1. Влијание на пандемијата врз животната средина и реобмислување на значењето на еколошките феномени;
  2. Економска криза како последица на мерките воведени заради спречување на ширење на пандемијата;
  3. Социјалните промени – промена во меѓучовечките односи (пријателства, бракови, семејства, односи на работно место и сл.);
  4. Политички пристап на зголемена инклузија во глобалните одговори на состојбите поврзани со пандемијата;
  5. Промени во образование – онлјан настава, полупразни училишта, скратени образовни програми.

Комисијата е составена од 3 члена:

  • Магдалена Стојмановиќ, новинар – „Мој збор“
  • Атанас Величков, новинар – „Трибуна“
  • Влатко Стојановски, новинар – „Фокус“

Резултатите од повикот ќе бидат објавени на 15.11.2020 година

Идеја на повикот

Идејата на повикот е поттикување на творечката – писателска дејност кај млади, оригинални и неафирмирани мислители на кои им е потребна промоција, охрабрување и награда за нивното дело.

Есеите кои имаат авторски и личен карактер ќе ни помогнат да ги обмислиме заеднички новонастанатите феномени, животни стилови и промени предизвикани од пандемијата со КОВИД19.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде