Здравствените власти не ги предомислија матичните лекари затоа од денеска го почнуваат тридневниот протест. Ќе бидат во нивните ординации, но нема да издаваат упати и рецепти, ќе прегледуваат само итни пациенти. Главните барања на Здружението на приватни лекари, поради кои четврти пат годинава протестираат, се зголемување на капитациониот бод, односно повеќе пари од државата поради високата инфлација и пациентите да се водат на ординацијата, а не кај матичниот лекар.

Протестот не го подржуваат од здружението на лекари по општа и семејна медицина. Од ЗЛОМ – СМ велат дека дел од барањата кои заеднички ги креирале со Здружението на приватни лекари исчезнале. Сега поголем фокус бил ставен на повозрасните наместо на младите доктори. Од оваа здружение бараат специјалистите по семејна медицина да имаат повеќе ингеренции, да можат да даваат повеќе услуги на примарно ниво и измени на моделот на капитација.

Министерот за здравство пред неколку дена изјави дека не го подржува протестот на матичните бидејќи пациентите не смееле да трпат поради незадоволството на лекарите и повика проблемите да се решаваат на маса.