дома животен стил Храна која се препорачува за облачни и дождливи денови

Храна која се препорачува за облачни и дождливи денови

596
0

Дождливи и облачни денови ја менуваат влажноста и квалитетот на воздухот, но и ги „кријат“ сончевите зраци од нас.

Понекогаш тие може да ни ги „поматат“ плановите за прошетки или тренинг во природа, да ни ги пренасочат плановите за дневни и рутински активности, но тие треба да се индикатор и за тоа што да ни биде избор за дневен оброк.

Неколку намирници треба да се редовно застапени во време на облачни и дождливи денови:

Намирници кои содржат витамин Д

Најголем и најбогат извор на витамин Д е токму сонцето, кои во облачни и дождливи денови има помал интензитет и појава.

Потребите од витамин Д во овие денови треба да ги зголемиме со помош на храната и да внесуваме повеќе намирници како што се: пченка, јајца, млеко, риба, житарици збогатени со Д витамин, но и печурки кои се богат извор на Д витамин.

Помалку течни оброци

Додека во сончеви и топли денови количеството на вода во организмот треба да е зголемено за разлика од други денови, за време на дождливите и облачни денови потребно е да се јаде повеќе цврста храна која ќе ве држи сити и ќе ви даде повеќе моментална енергија да го „истуркате“ денот.

Намирници кои содржат витамин Ц

Витамин Ц помага во зајакнување на имунитетот и борба против страни честички. Ниските температури кои обично се присутни на облачно и дождливо време може да го зголемат количеството на паразити околу вас, од таа причина конзумирајте намирници кои ви го јакнат имунитетот и се богати со витамин Ц: киви, лимон, портокал, јаболко, пиперка и сл.

Намалете го внесот на алкохол

Алкохолот го уморува организмот и ве тера подолго време да го поминете во спиење. Исто така сонот на луѓе кои не конзумираат алкохол и се исхрануваат само со здрави намирници е далеку поквалитетен поради што луѓето кои не конзумираат алкохол поминуваат помалку време во спиење или за ист временски период изгледаат многу посвежо.

Облачните и дождливи денови секако нема да ви дадат доволно надворешна енергија, па затоа намалете ја конзумацијата на алкохол, спијте квалитетно и помалку и чувајте ја енергијата за денови кои не ви пружаат доволно светлина и топлина.