дома информација вест Србија го тужи НАТО за уништување на здравјето на населението и животната...

Србија го тужи НАТО за уништување на здравјето на населението и животната средина поради бомбардирањето со осиромашен ураниум во 1999

57
0

Смртта на заставникот Марко Дијана, италијански војник, поранешен припадник на силите на НАТО во Косово и Метохија, кој со години се бори за вистината за здравствените последици од осиромашениот ураниум, го отвори прашањето до каде е Србија со истрагата за здравствените ефекти на ваквата муниција.

Како што дознава „Новости“, до крајот на месецот, првите пет пилот-тужби против припадниците на силите на НАТО со побарувања за обештетување ќе бидат поднесени до повисоките судови во Србија.

NATO

Токму тоа е причината што италијанскиот адвокат Анџело Фиоре Тарталја отпатува викендов во Ниш да му помогне на неговиот српски колега Срѓан Алексиќ. Тие ќе ги финализираат тужбите против членовите на Алијансата за загрозување на здравјето и животот на луѓето и животната средина, за време на бомбардирањето во 1999 година.

Тарталја доби повеќе од 170 пресуди пред италијанското судство во корист на војниците од мировните мисии на територијата на поранешна Југославија, кои се разболеле од рак, а некои од нив дури и починале. Судовите низ Италија потврдија дека постои врска помеѓу нивните болести и нивниот престој на бомбардираната територија.

Извор: Novosti.rs

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде