дома информација вест Решена мистерија: Еве каде се наоѓа амбасадорот на Ким кој пред две...

Решена мистерија: Еве каде се наоѓа амбасадорот на Ким кој пред две години исчезна од лицето на земјата

386
0

Опозицискиот пратеник Чо Тае Јонг тврди дека владата ја загрозила безбедноста на семејството на дипломатот откривајќи дека сега тој живее во Јужна Кореја.

Севернокорејскиот дипломат Сонг-Гил, амбасадор на земјата во Италија, кој исчезна во 2018 година, е пронајден во Јужна Кореја каде живее од 2019 година.

Дипломатот во бегство е највисоко рангиран севернокорејски службеник кој ја напуштил земјата од 1997 година, пишува Би-Би-Си.

Не е познато што се случило со неговата малолетна ќерка која наводно се вратила во Северна Кореја. Според италијанското Министерство за надворешни работи, таа била вратена во нејзината матична земја по сопствено барање, откако нејзините родители исчезнале.

Сонг-Гил пребегна со својата сопруга кон крајот на 2018 година. Тој исчезна без трага непосредно пред да заврши неговиот мандат како амбасадор во Италија.

Претходно, според италијанските извештаи, тој побарал политички азил во западните земји иако е син и зет на високи партиски функционери во Северна Кореја.