Тоалетот и бањата се места каде што човекот ги обавува своите физиолошки и хигиенски потреби.

Со однос на тоа дека во тоалет и бања се наоѓаат отвори за отпадни и фекални води, тие се вооедно и најголемиот извор на бактерии и штетни микроорганизми.

Многу често правиме грешка со тоа што оставаме лични работи во бања или тоалет да ни се „најдат при рака“, особено работи поврзани со лична хигиена.

Еве на кои работи не им е местото во бања или тоалет:

Крпа за лице

Иако во скоро секој дом се наоѓа по една крпа за лица во бања или тоалет, сепак нејзиното место најмалку треба да е таму.

Крпите се дизајнирани од материјал на кој се таложат бактерии што подоцна ги нанесувате на лице при следното бришење.

Четка за заби

Ако четката за заби стои во тоалет или бања, таа треба да е запечатена или заштитена со некој материјал (пластика) од надворешните влијанија.

Инаку бактериите од wc шољата, мијалникот или туш кабината кои се мали и слободно лебдат во воздух може лесно да завршат на вашата четка за заби и да ви предизвикаат инфекција на непцата.

Облека

Облеката која планирате повторно да ја облечете не треба да се наоѓа во тоалет или бања од истите причини како и четка за заби и крпа за бришење на лице.

Инаку сите бактерии од wc шољата ќе си ги нанесете на кожата по вашето тело.

  • Најдобро е за работите кои ви служат за лична хигена да користите несесер кој ќе го внесувате и вадите од бањата откако ќе ви завршат потребите од средствата за лична хигиена.