дома информација Работата има и социјална димензија: Анкетите покажуваат дека работниците преферираат да не...

Работата има и социјална димензија: Анкетите покажуваат дека работниците преферираат да не работат од дома

45
0

Девет од десет вработени сакаат да продолжат да работат од дома и по ублажувањето на мерките преземени во врска со пандемијата, открива истражување спроведено од „Сиско системс“, пренесува „Ројтерс“.

„Сиско системс“ анкетирале 10.000 луѓе од Европа, Блискиот Исток и од Русија за своето истражување „Работна сила на иднината“.

Истражувањето покажало дека пандемијата ги променила навиките, а кај две третини од работниците се развило поголемо разбирање за придобивките и предизвиците за вршење на работа од нивните домови наместо во канцелариите.

Пред карантинот, само пет отсто од испитаниците поголемиот дел од работата ја работеле од дома, а сега 87 отсто од работниците сакаат да изберат каде, како и кога ќе ја извршуваат својата работа, односно, еден вид комбинација меѓу работење од дома и од канцеларија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде