дома информација вест Путин го прашиле кога ќе се ожени, а неговот одговор е „Како...

Путин го прашиле кога ќе се ожени, а неговот одговор е „Како секој пристоен маж, ќе морам да го направам тоа порано или подоцна“, но оваа фатална дама успеа да го забрза

121
0

Светските медиуми пишуваат за поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, наводната љубовница на Владимир Путин.

„Сан“ пишува дека 37-годишната атлетичарка не е видена во јавност од 2018 година, кога кружеа гласини дека е бремена и носи близнаци. Таа, наводно, родила два сина во Москва минатиот мај, но тоа никогаш не било официјално потврдено.

Рускиот новинар Сергеј Канев, близок до руските разузнавачки служби, тогаш објави дека Алина родила машки близнаци. “Разузнавачките служби го проверија секој агол од болницата пред нејзиното пристигнување, а половина од медицинскиот тим беше протеран. Раѓањето го изврши познат доктор од Италија, и тој мораше да направи царски рез”, напиша тој.

Во 2018 година се пишувало и за одговорот на Путин на прашањето кога ќе се жени.

„Кога имате намера да стапите во брак и со кого?“ беше запрашан од репортерот на таблоидот „Лајф њуз“.

Путин се насмевна на тоа и одговори: „Како и секоја пристојна личност, ќе треба да го сторам тоа порано или подоцна“.

Тогаш таблоидите пишуваа дека постои можност и самата Кабаева да успеала јавно да му го постави ова прашање на Путин со цел да го охрабри да се омажи за неа.

За нивната наводна романса се зборувало од 2008 година, а оттогаш таа не е видена во јавност со друг маж. Неколку пати е видена со прстен на раката, но никогаш не е официјално потврдено дека е прва дама на Русија.

Извор: Канал5

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде