дома информација вест Прв случај на корона вирус во училишта: Наставничка на првооделенчиња позитивнвна на...

Прв случај на корона вирус во училишта: Наставничка на првооделенчиња позитивнвна на корона вирус

621
0

Седумнаесет првачиња од скопското основно училиште „Гоце Делчев“ од синоќа се во 14-дневна изолација

Eдна наставничка е позитивна на коронавирус, додека друга наставничка е во изолација пред да биде тестирана, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на информации од директорката на училиштето, Наде Молеровиќ.

Ова е прв случај на корона вирус во училиштата откако беа отворени пред десетина дена.

Наставниот процес годинава започна еден месец подоцна, а според одлуката на МОН некои училишта само добија дозвола за изведување на настава со физичко присуство и тоа обично за ученици од 1 до 3 одделение.