дома информација вест Понеделник, 12ти Октомври ќе биде неработен за сите граѓани на Македонија

Понеделник, 12ти Октомври ќе биде неработен за сите граѓани на Македонија

679
0

Денот на народното востание се прославува на 11 октомври.

Оваа година 11ти Октомври е недела, а со однос на тоа дека на важење е се уште владината одлука државни празници кои се паѓаат во недела, да повлекуваат понеделник да е неработен ден, во овој случај 12ти Октомври ќе биде неработен ден во цела Македонија.

Оваа одлука ја соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Инаку 11ти Октомври секоја година се прославува со посебно организирани настани во Прилеп и Куманово кои се познати како „градови во кои пукнала првата пушка“.