British Airways го повлече и последниот од своите огромни авиони „Боинг 747“ во четвртокот кога последните два авиона кои сè уште беа во функција заминаа од Лондон Хитроу – потресен настан предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

British Airways изјави дека џамбо-авионите, едниот облечен во дизајн „ Negus“, а другиот со Chatham Dockyard, полетаа на небото „еден по друг“ од пистата на Хитроу 27Р.

Еден од авионите, G-CIVY, направи почесен круг над пистата пред да одлета за Сент Атан, Велс, за да се пензионира, додека другиот, G-CIVB, ќе се чува во Кембл, Англија.

Во јули, британската авиокомпанија објави дека ја заземјува својата флота од 747 авиони по штетното влијание што го имаше пандемијата „Ковид-19“ и врз нивната компанија како и во авијацијата воопшто.

Познат како „Кралица на небото“ и популарен меѓу авијатичарските фанатици, авионите „Боинг“ го изгубија својот примат во последните неколку години, бидејќи авиокомпаниите се префрлаат на поефикасни помали патнички авиони.

БА рече дека веќе „полека“ го укинува авионот „гладен за гориво“ со цел да помогне во исполнувањето на обврската за „нето нула до 2050 година“.

Но, претходно оваа година, компанијата објави соопштение во кое се вели дека авионите веројатно ја извеле својата последна закажана комерцијална услуга – и покрај неодамна освежувањето на ентериерите на авионите, очекувајќи да останат во функција неколку години.

Корпорацијата „ The British Overseas Airways“ (BOAC), една од претходниците на БА, ги изведе своите први летови со 747  од Лондон до Њујорк во 1971 година. Во јули 1989 година, БА го претстави својот прв 747-400 – истиот модел како што лета и ден денес.

Оригиналниот авион, кој располагаше со 27 седишта од прва класа и 292 економии, имаше горната палуба која всушност беше простран салон. Авионот бил најголемиот комерцијален авион во светот, сè до доаѓањето на „Ербас А380“ во 2007 година.

„Вака не сакавме или очекувавме да се збогуваме со нашата неверојатна флота од 747 авиони. Тоа е трагична одлука која што мораше да се донесе“, изјави во јули Алекс Круз, претседател на БА и извршен директор, по објавувањето дека авионите би биле пензионирани.

„Денес беше емотивна пресвртница во пензионирањето на нашата флота 747, бидејќи тоа беше нашата последна шанса да ја видиме кралицата на небото како заминува од нашиот дом на аеродромот Хитроу“, рече Круз во четвртокот.

„БОИНГ 747 одиграа огромна улога во нашата 100-годишна историја, формирајќи го рбетот на нашата флота повеќе од 50 години. Знам дека зборувам за нашите клиенти и за илјадниците колеги кои поминаа голем дел од својата кариера во нив, кога велам дека ќе ни недостигаат да ги гледаме како грациозно поминуваат на нашето небо“, додаде тој.

Последниот лет беше пренесуван во живо на Фејсбук страницата на авиокомпанијата во четвртокот.

Извор: CNN International