дома информација вест Озонската дупка над Антартикот пораснала и достигнала најдлабоко ниво во последните неколку...

Озонската дупка над Антартикот пораснала и достигнала најдлабоко ниво во последните неколку години

689
0

Програмата за набудување на „Земјата“ израборена од Европската унија денес објави дека озонската дупка над Антарктикот пораснала и достигнала најдлабокото ниво во последните неколку години.


Експертите од Службата за мониторинг на атмосферата Коперникус изјавија дека силен, стабилен и студен поларен вртлог е двигател на проширувањето и повикаа на поголеми меѓународни напори да се осигура дека земјите ќе го почитуваат меѓународниот договор за постепено исфрлање на хемикалиите што го уништуваат озонот.

Се истакнува дека оваа озонска дупка „дефинитивно“ е меѓу најголемите во последните 15 години. Осиромашувањето на озонската обвивка над антарктичкиот континент за првпат е забележано во 1985 година.

Во Женева, портпарол на Светската метеоролошка организација, Клер Нулис, рече дека озонската дупка почнува да се шири секој август – на почетокот на пролетта на Антарктикот – и го достигнува својот врв околу октомври.

Нулис рече дека и покрај растечката дупка, експертите сепак веруваат дека озонската обвивка полека се опоравува по усвојувањето на Монтреалскиот протокол, договор потпишан во 1987 година, кој има за цел да ги отстрани супстанциите што го осиромашуваат озонот.

Таа спомена климатски проекции кои укажуваат на тоа дека озонскиот слој ќе се врати на нивото од 1980 до 2060 година.

Извор: Novosti.rs