дома животен стил Неколку карактеристики кои ги поседуваат само „вегетаријанците“

Неколку карактеристики кои ги поседуваат само „вегетаријанците“

876
0

Вегетаријанците имаат не само специфичен начин на исхрана, туку и посебен животен стил.

Нивната одлука да исклучат месо и месни продукти од исхраната има врска со нивното разбирање на животот и во нив се крие и длабока животна филозофија.

Вегетаријанците поседуваат неколку значајни карактеристики што се типични за нив:

The Difference Between Vegan and Vegetarian Diets | Kitchn

Емпатија

Луѓето кои не јадат место имаа поголем степен на емпатија кон другите суштества, отколку луѓето кои јадат месо. Емпатијата кај вегетаријансците не се фокусира само на припадниците од човечкиот род, туку и кон другите живи единици.

Помалку се себични

Вегетаријанците не сметаат дека човекот е супериорно суштество во еко системот и дека тој е на врвот на пирамидата, а сите други треба нему да му служат.

Напротив, вегетаријанците сметаат дека човекот е само една алка од синџирот на еко-системот чие постоење за природата нема поинаква вредност од постоењето на сите други ентитети.

Таквото разбирање ги прави помалку свртени кон себе и помалку арогантни.

Храната не им е принцип на задоволство

На вегетаријанците храната не им е уживање, туку ресурс кој им е потребен да преживеат. Нив ретко да ги видите како ждерат со часови и уживаат во храната.

Поинаков осврт кон хигиената

Кога вегетаријанец ќе подготви јадење без месо, тој нема потреба да користи абразивни средства за садови кои ја загадуваат животната средина, во нивните домови ја нема типичната миризба на тешко и готвено месо со часови.

Јадењето кое го подготвуваат вегетаријанците им штеди многу време и пари бидејќи тие не трошат часови и часови во приготвување на месо кое најспоро се обработува.