дома информација вест Над 6000 експерти од светот потпишале изјава против повторно воведување на карантин...

Над 6000 експерти од светот потпишале изјава против повторно воведување на карантин предупредувајќи за штетните последици по здравјето на граѓаните

33
0

Илјадници светски научници и здравствени експерти потпишаа изјава против повторно воведување на карантин.

Скоро 6.000 експерти веруваат дека таквата мерка може да има разорно влијание врз физичкото и менталното здравје на една личност, како и врз самото општество.

Тие бараат заштитата да биде насочена кон најранливите групи и здравите луѓе да продолжат со животот, пишува Би-Би-Си.

Шеесет и шест матични лекари и голем број медицински лица кои имале важни позиции во британското медицинско друштво му пишале на британскиот министер за здравство за да му укаже на можните негативни ефекти од повторното воведување на карантин.

Движењето зад декларацијата против карантинот започна во САД, а декларацијата досега ја потпишаа скоро 6.000 научници и медицински професионалци ширум светот, како и 50.000 граѓани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде