Награда за најдобра режија е уште една во низата освоени за филмот „Хомо“ на Игор Иванов – Изи, на Фестивалот на Интернационален филм во Лаваса, Индија.

„Хомо“ Светската премиера ја доживеа оваа година, на 51. ГОА ИФФ Индија, Европската премиера во рамките на 25. ИФФ Софија и Македонската – на СИНЕДЕЈС, сите значајни и меѓународно признати фестивали. До сега го прикажаа над десет фестивали во Канада, САД, Велика Британија, Индија, Романија, Србија, Бугарија, а доби награда и на фестивалите Gbeck Future Film Festival – Награда за Најдобар Филм, WorldFest-Houston International Film Festival – Бронзена Реми Награда и IndieFEST Film Awards – Награда за Извонредност Специјално Признание, информираат од Скопје Филм Студио.

По Индија, „Хомо“ оди на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, кој се одржува од 27 август до 5 септември 2021 година.

ИЗВОРСкопско ехо
претходниот член,Словенија им ги укина бесплатните брзи тестови на невакцинираните!
Следната статијаДали знаете дека мозокот на Ајнштајн е украден и чуван на бизарно место?!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде