дома информација вест Младите кои треба да покажат најголема свест за иднината и да ги...

Младите кои треба да покажат најголема свест за иднината и да ги почитуваат мерките се однесуваат најнесовесно

717
0

Младите се онаа генерација која има иднина, а старите се генерација која има минато.

Од таа причина се очекува младите луѓе да имаат повеќе одговорност кон иднината во која ќе живеат тие и генерациите што ќе ги остават зад себе.

Но податоците за односот на младите кон пандемијата покажуваат дека тие се однесуваат најнесовесно кон мерките за здравствена заштита.

Освен тоа што често организираат забави на кои се групираат поголем број на луѓе, тие често се казнувани за неносење на заштитни маски.

Според последните податоци од Институт за јавно здравје, најголем процент на заболени се толку млади лица на возраст од 30 до 39 години.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (н=456, 20,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (н=440; 19,6%), 20-29 (н=414; 18,5%), над 60 (н=405; 18,1%) и 50-59 (н=343; 15,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (н=53; 2,4%) и 10-19 години (н=132; 5,9%) – стои во соопштението на надлежните.