дома информација вест Манчевски со срцепарателна порака се прости од Заев и сопартијците од СДСМ

Манчевски со срцепарателна порака се прости од Заев и сопартијците од СДСМ

715
0

Поранешниот министер за информатичко општество и технологија, Дамјан Манчевски во текот на вчерашниот ден објави дека се повлекува целосно од политичкиот живот.

Донесов одлука да се повлечам од политиката и да се посветам повторно на мојата професија. Причината за тоа е дека прифатив ангажман во приватниот сектор, кој е неспоив со каков било политички ангажман. Како резултат на оваа одлука, покрај тоа што се повлеков од сите јавни функции кои ги извршував, поднесов оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ – објаснува Манчевски.

Тој додаде дека имал понуда за политички ангажман, но одлучил да не ја прифати иако со многу носталгија ќе се присетува на неговите политички активности заедно со неговите сопартијци од СДСМ.

Имав извонредна понуда за следен политички ангажман, за што сум неизмерно благодарен, но сепак се решив на овој чекор. Оваа одлука во исто време е и доста емотивна за мене. Пред сè поради моите другарки и другари, со кои сè правевме заедно. Како што знае да каже еден од нив, станавме сестри и браќа по крв. Нашата приказна е за холивуско сценарио во неколку продолженија. Но, токму заради нив можеби и ја донесов оваа одлука. Затоа што знам дека Зоран, Радмила, Оливер, Љупчо, Мила, Муки, Коста, Никола, Фатмир, Јовче, Петре, Бајдо, Роберт, Марјан, Дуле, Бојан, Сања, Јагода, Благој и сите други ќе ми обезбедат да имам нормална работа во нормална држава – пишува Манчевски.