дома животен стил Кои работи треба да ги исфрлите веднаш од вашата спална соба:

Кои работи треба да ги исфрлите веднаш од вашата спална соба:

76
0

Спална соба е место каде што треба да се одморите и да си дадете оддишка. Пред се, како што самото име кажува, спалната соба е соба која е наменета за спиење.

Сепак често спалната соба знае да ни послужи и како соба во која имаме дневен престој, ја користиме како работна соба, а некоја ја користат дури и како остава.

Но, спалната соба треба да биде уредена согласно нејзината примена, со цел да ви овозможи мирен сон и убав одмор.

Неколку работи кои често се наоѓаат во спалната соба а таму не им е место:

Телевизор

Телевизот е прва работа која треба да ја отстраните од вашата спална соба. Гледањето на телевизија пред спиење може да ви го зголеми стресот и анксионзоста и да ви предизвика несонца.

Исто така зрачењето на телевизорот е преголемо, па не си дозволувајте да бидете изложени на толкаво зрачење дури и кога спиете.

Комјутер, работна маса и столче

Не е добра идејата каде што спиете таму и да работите. Ако веќе немате услови за работна соба, тогаш подобро е да ги преместите апаратите за работа во дневната соба или трпезаријата.

Присуството на уреди во спалната соба ве асоцира на работа и ќе ви го одземе мирот пред спиење.

Постер со мотивациска порака

Местото на постер со мотивациска порака е во ходникот, поставен на место што сигурно ќе го видите пред да излезете од дома.

Нема потреба да се мотивирате пред или после спиењето и да се задлабочувате во мислење.

Плакар

Иако најчесто плакарот е поставен во спалната соба, вистината е дека таму не му е местото. Материјалот од кој се изработени алиштата собира многу прашина која слободно лебди во воздухот додека спиете. Идеално е плакарот физички да го оделите од местото каде што спиете.

Што помалку работи имате во спалната соба освен кревет, толку подобро. Аранжирајте ги ѕидовите или просторот околу себе така да ви дава посебен мир и да ве релаксира, внимавајте и на светлото во спалната соба, помало светло е подобро за опуштање на телото и умот пред спиење.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде