дома животен стил Како да препознаете недостаток на витамин Д во организам?

Како да препознаете недостаток на витамин Д во организам?

863
0

Повеќе од една третина од светското население пати од недостаток на витамин Д во организам.

Витамин Д е одговорен за доброто расположение, за раст кај децата, за правилни метаболички процеси, но и за здрави коски и мускули кај децата и кај возрасните.

Најбогат извор на витамин Д е сонцето, но витамин Д може и да се внесува преку храна посебно во текот на зимските периоди кога деновите траат пократко, а сончевите денови се реткост.

Еве како да препознаете недостаток од витамин Д и како да го надокнадите:

Депресивно расположение

Ако се чувствувате депресивно особено во зимските периоди, тогаш имате недостаток на витамин Д кој треба што побрзо да се надокнади и да ви го подобри вашето расположение.

Болка во зглобовите

Витамин Д ги потхранува зглобовите, доколку чувствувате често болка во коски и зглобови, тогаш дефинитивно ви недостасува препорачана дневна доза од витамин Д (400 IJ за деца, 600 IJ за возрасни и 800 за лица над 70 години).

Хроничен умор

Ако постојано се чувствувате умотни без разлика на тоа колку време ќе поминете во сон, тогаш тоа е сериозен индикатор дека треба да внесете витамин Д во вашето тело што поскоро.

Чести инфекции

Витамин Д е одговорен и за добрата одбрана на телото од инфекции. Ако тие се зачестат тогаш, не внесувате доволно витамин Д.

Во кои намирници се содржи витамин Д?

Иако се малку, има храна што содржи значителни количини на витамин Д.

Најбогатиот природен извор на витамин Д во храната е маслото од црн дроб на риба.

Понатаму, храната богата со витамин Д вклучува риба (туна, сардини, скуша, треска, харинга, лосос), ракови и морски плодови, некои печурки, квасец, говедски црн дроб, жолчка од јајце и храна што е дополнително збогатена со витамин Д, како што се некои маргарински препарати, млеко и житни култури.

Извор: zivim.gloria.hr