Четири жени беа избрани за добитнички на Нобеловата награда оваа година.

Но, престижната награда сепак се уште има проблем со диверзитетот, барем кога е во прашање застапеноста на добитниците на Нобеловата награда по полови во одредени категории.

Од 931 поединец и 28 организации кои ја освоиле наградата од почетокот на доделувањето, само 16 се црнци. Во 2020 година не неше именуван ниту еден припадник на црна раса за добитник на Нобелова награда.

Дванаесет црнци ја добија наградата за мир, тројца Нобеловата награда за литература и една придружна награда за економија доделена од централната банка на Шведска во чест на Алфред Нобел. Ниту еден примател на Нобелова награда за наука досега не бил припаднк на црната раса.

Во понеделникот, Нобеловата награда за медицина им беше доделена на Харви Алтер, Мајкл Хутон и Чарлс М.Рајс за откривањето на вирусот на хепатит Ц, што доведе до развој на тестови и третмани.

Во вторникот наградата за физика им припадна на Роџер Пенроуз, Рајнхард Гензел и Андреа Гез за нивните откритија во врска со црните дупки. Гез стана само четвртата жена што освоила Нобелова награда за физика.

Емануел Шарпентие и Џенифер А. Дудна во средата станаа првите две жени научници кои заеднички ја освоија наградата за хемија, без машки соработник – и само шестата и седмата жена некогаш победиле во истата категоријата.

Додека бројот на жени победници во науката може полека да се подобрува, проблемот со различноста е уште присутен на база на други карактеристики како што се расни и национални карактеристики.

Извор: CNN