Во најголем број на продавници за трговија на мало и големо нудат можност за плаќање со платежни картички.

Во последните години платежните картички почнуваат целосно да го заменуваат готовинското плаќање, а особено се погодни за трансакции во време на епидемијата.

Готовината е подложна на размена и „трпи“ контакт со голем број на луѓе.

Платежната картичка, пак ја разменувате само до лицето од касата каде што вршите наплата на избраните производи.

Малиот број на контакти кои ги има платежната картичка ви обезбедува помал ризик од пренос на бактерии и микроорганизми, вклучувајќи го при тоа и смртоносниот корона вирус.

Од таа причина ви препорачуваме готовинските плаќања целосно да ги замените со плаќања преку платежни картички барем додека трае епидемијата.