дома информација вест Еве кои пет места се корона бомби и треба да ги избегнувате...

Еве кои пет места се корона бомби и треба да ги избегнувате колку што е можно:

645
0

Постојат места на кои веројатноста да се заразите е поголема отколку во други средини.

Според светските скперти моменталните корона бомби се:

Средните училишта

Поради социјалните контакти кои се чести и од кои средношколците не може да се воздржат, средните училишта може да станат големи кластери за зараза.

Факултетите

Факултетите се исто така средини каде што се наоѓаат млади луѓе кои поради тоа што не спаѓаат во ризична категорија на граѓани, не водат сметка за својата здравствена заштита. Не придржувањето до мерките може да ги претвори факултетите во вистински корона бомби.

Јавен превоз

Многу луѓе на мал простор се опасност кога станува збор за пренос на корона вирусот.

Кафулиња и ресторани

Се места каде што луѓето козумираат алкохол, се опуштаат, се социјализираат и „забораваат“ на важноста за придржување до мерките за здравствена заштита.

Семејните собири

Големите семејни собири исто така може да предизвикаат создавање на голем кластер на заразени. Тие исто така имаат препорака за избегнување.