дома информација вест Се менува правилото за вклучување на 4 трепкачи по 70 години важење

Се менува правилото за вклучување на 4 трепкачи по 70 години важење

69
0

Еден од најпрепознатливите знаци на предупредување за дефекти, итни случаи во автомобил или некои невообичаени или опасни сообраќајни ситуации – вклучување на сите 4 трепкачи, наскоро може да се промени.

Прекинувачот што ги активира сите четири индикатори за насока во автомобилите беше воведен во 1951 година, и оттогаш начинот на активирање на овие предупредувачки светла не е променет.

Меѓутоа, сега, една американска компанија смета дека овој вид сообраќајна сигнализација треба да претрпи одредени измени, со цел нејзината функција да се подобри.

Компанијата, која се занимава со разни безбедносни проблеми, смета дека промената на фреквенцијата на вклучување и исклучување на светлата значително ќе ја подобри видливоста на запреното возило.

Затоа се предлага фреквенцијата на активирање на трепкачите да се зголеми на 4Hz, односно сите четири индикатори за насока да бидат вклучени и исклучени четири пати во секунда, бидејќи тоа е фреквенцијата „што едно лице најдобро ја перцепира“, пишува Car And Driver.

Според тој предлог, зголемената брзина на вклучување и исклучување на трепкачите би се активирала со двојно притискање на прекинувачот, а сите 4 индикатори би се активирале автоматски во сите опасни ситуации, како што се случува со некои современи модели при ненадејно сопирање, пренесува Индекс.

Идејата го привлече вниманието на Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата во САД, која планира да го усвои ова правило во наредниот период.

Извор: Novosti.rs

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде