дома информација вест Во новиот извештај од ЕУ Македонија е пофалена за напредок во владеење...

Во новиот извештај од ЕУ Македонија е пофалена за напредок во владеење на правото и зајакнување на демократијата

37
0


Во текот на вчерашниот ден беше презентиран Извештајот за напредок, Пакет за проширување и Инвестициски план за земјите од Западен Балкан од страна на еврокомесарот за добрососедство и проширување – Оливер Вархеји.

Во извештајот, се наведува дека Македонија продолжила да ги спроведува реформите поврзани со ЕУ во текот на целиот период на известување.

Продолжиле напорите за зајакнување на демократијата и владеењето на правото, вклучително и со активирање на постојните механизми на контрола преку дискусии и дебати за теми поврзани со клучните политики и законодавството.

Исто така, опозициските партии останале ангажирани во Собранието и поддржале клучни прашања од заеднички национален интерес, како што се реформите поврзани со ЕУ и процесот на интеграција во НАТО, на која Македонија се приклучи во март 2020 година.

Извор: Нова Македонија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде