дома информација вест Во наредниот период ќе се пишуваат голем број на казни за прекршување...

Во наредниот период ќе се пишуваат голем број на казни за прекршување на здравствените протоколи

598
0

Владата ги разгледа и ги усвои предлог измените на Законот за заштита на население од заразни болести, со кои се предвидени нови поголеми овластувања на инспекциските служби за справување со прекршителите на КОВИД19-протоколите.

Законските измени се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и за другите инспекторати на централно и локално ниво.

Според измените, доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста во траење до 30 дена за правниот субјект.

Воедно, измените во законот предвидуваат и зголемување на паричните казни за прекршителите на здравствените протоколи, а изречена вистина на казна ќе зависи од големината на фирмите.

Извор: Нова Македонија